Димитриеска Кочоска: Сметам дека данокот за нов стан треба да остане на 5%

62
Димитриеска Кочоска: Сметам дека данокот за нов стан треба да остане на 5%

На Телевизија Сител во „Тема на ден“ гостуваше потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска.

Во врска со истекувањето на повластената стапка за купување на нов дом, Димитриеска Кочоска истакна дека не е потребно дополнително оптоварување на граѓаните.

„Се уште анализираме, ќе излеземе со конечна одлука, сметам дека не ни треба дополнително оптеретување на граѓаните, буџетот е таков каков што е, собирањето на приходите е во добра насока, се е како што си било планирано, така што на расходна страна исто така многу се внимава, а од друга страна поготово оние млади лица дали самостојно коишто купуваат станови или пак кога ќе влезат во брачна заедница со брачниот партнер, сметам дека во моментот не е потребно дополнително оптоварување нивно“, рече Димитриеска Кочоска.

Министерката исто така додаде дека Владата ќе излезе со мерки против високата инфлација.

„Владата во овој период подготвува некои мерки, ќе излеземе со некои предлози, но повторно тие би биле на краток рок а нас ни треба решение коешто ќе биде подолгорочно“, додаде Димитриеска Кочоска.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеЗа многу години Успение на Пресвета Богородица, ВМРО-ДПМНЕ на сите верници им го честита големиот христијански празник
Следно соопштениеЧетиригодишен развој на Гази Баба, изградени две нови спортски сали, голем број спортски центри и терени, асфалтирани 120 улици, се градат училишта и градинки