Дина Јашари, со песната „Дома“ ја освои наградата „Милан Младеновиќ“ 2022, која ја додеува Донацијата „Милан Младеновиќ“ за најдобра песна во регионот. Одлуката Дина да го понесе ова признание ја донесе регионалното стручно жири, кое оваа година го сочинуваат Миле Кекин (Хрватска), Соња Лончар (Србија), Матјаж Манчек (Словенија), Едо Плованиќ (Хрватска) и Драгиша Ускоковиќ Ќима (Србија).
Ова воедно е прв пат наградата да ѝ припадне на уметница надвор од територијата на Србија. Досегашни добитници на наградата востановена во 2019 беа Артан Лили со песната „Д.Е.П.Р.А.“, Драм со „Дај ми све“ и Ана $ The Changes со песната „Ту“.
![](https://mkc.mk/wp-content/uploads/2022/09/dina-1024x683.jpg)
Освен Миле Кекин, кој имаше обврски со својот бенд Хладно пиво, комплетното жири присуствуваше на свеченоста, која по повод доделување на наградата „Милан Младеновиќ“ 2022 ја организираше Донацијата „Милан Младеновиќ“, симболично, на неговиот роденден, во белградскиот Дорчол Плац, на 21 септември.
Извор на соопштението