Во текот на денешниот ден, општинските служби, во рамките на своите тековни и редовни активности, работат на реализација на повеќе суштински задачи.
Во тек е акција за реконструкција на детските игралишта, замена и поправка на урбаната опрема, клупи, канти за ситен отпад, согласно потребите на теренската состојба.
Паралелно, пролетната акција за хортикултурно уредување се спроведува согласно предвидената динамика и потреба, сè со цел зазеленување и разубавување на јавниот простор на територија на општината.
Службите задолжени за косење и одржување на зелените површини, во текот на денешниот ден се распоредени на неколку локации во урбаните заедници „Кузман Јосифовски Питу“, “Карпош 2“ и „Владо Тасевски “ (на Млечен). Исто така, работниците ангажирани за одржување на јавната хигиена, секојдневно ги чистат локалните улици и парковите кои се во надлежност на Општина Карпош.
Работиме посветено и одговорно, во служба на граѓаните!
