Додека Артан Груби е Вицепремиер, брат му Ветон добива тендери од 1 милион денари, ДКСК и ЈО да реагираат

99
Додека Артан Груби е Вицепремиер, брат му Ветон добива тендери од 1 милион денари, ДКСК и ЈО да реагираат

Додека Артан Груби е Вицепремиер, Ветон Груби преку неговата фирма ЕТЦ Травел ДООЕЛ добива државни тендери.Над 1 милион денари во период од две години од владата и министерството на Груби се префрлени на фримата на братот на Артан, Ветон Груби, ЕТЦ Травел ДООЕЛ.Имено во период од 2020 до 2022 година, во вкупно 8 трансакции, се префрлени над 1 милион денари на туристичката агенција ЕТЦ Травел ДООЕЛ од владата и министерството на Груби.Тоа е истиот оној брат на Артан Груби кој се стекна со дуќан на улица Македонија по цена од 700 евра за метар квадратен.Јасна е намерата, уште појасна е братската врска, а најочигледен е судирот на интереси. Целта е да владее криминалот и корупцијата, да се позиционира мрежата насекаде.Време е ДКСК, ЈО и институциите на прогонот да почнат да ги применуваат законите, зошто тоа е нивна законска обврска, за чие не исполнување еден ден ќе понесат одговорност.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеПовеќе пари во семејните буџети, го зголемивме повратот од ДДВ на 2.100 денари,
Следно соопштениеКрводарителни акции