Додека власта молчи, ЕВН фактурира како да е држава во држава

5
Додека власта молчи, ЕВН фактурира како да е држава во држава

Неприфатливо е власта да молчи додека ЕВН создава хаос со пресметувањето на потрошената електрична енергија. Потрошувачите кои немаат дигитално броило имаат високи сметки. Оние, пак, кои имаат, наместо да се отчитува дигитално – доаѓа инкасант да прочита „на рака“, бидејќи така им одговара за да заработат повеќе.

Според наши сознанија на корисниците кои немаат дигитални броила потрошената електрична енергија не им е прочитана од 31.12.2025 година, иако законска обврска е да се чита од почетокот на годината.

Апсурдот е поголем што кога треба да се зголеми цената на струјата, тогаш ЕВН знае каде да ги пронајде броилата, но кога треба да се наплати реална потрошувачка, тогаш следуваат паушали, проценки и сметки извлечени од ракав.

Ова е воспоставен систем во кој граѓанинот мора сам да се брани од компанијата што му ја наплаќа струјата, додека Владата и регулаторните институции глумат статисти.

Левица бара да се отчитуваат 100% сите броила секаде, зошто РКЕ има законска должност да го заштити граѓанинот од овие корпоративни манипулации, а не да се однесува како нем набљудувач на ознаката „М“ и на паушалните отчитувања. Законот за енергетика јасно прави дистинкција помеѓу терминот мерење и отчитување во член 185 став 2!

The post Додека власта молчи, ЕВН фактурира како да е држава во држава first appeared on Левица.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСоопштение до јавноста
Следно соопштениеВалбон Лимани бега од одговорност за скандалот со водата, СДС, ДУИ и Таравари го штитат со молк