По повод Денот на ослободувањето на градот 4 Ноември, на синоќешната свеченост во Народниот театар во Битола, беа доделени четвртоноемвриските награди, согласно донесената одлука на Управниот одбор на Фондот за наградата „4-ти Ноември“. Свеченоста започна македонската химна, во изведба на Ирена Митревска. Општинската награда „4 Ноември“ за животно дело за 2023 година, ја додели градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, на ДИМЧЕ МИНОВСКИ – новинар, писател, општественик и хроничар на Битола, заради големото достигнување од областа на новинарството, повеќе од 30 год. е дописник на повеќе новинарски куќи пишувајќи за спортот, историјата на спортот, вршејќи преку 3000 преноси во живо од спортски натпревари и автор на повеќе од 200 емисии посветени на Битола и значајни настани од Битола. Тој е личност која остава неспорни траги во времето и живеењето на Битола, вљубеник во Битола, личност која со својата професионална ориентација го прославил својот роден град надалеку. Целиот свој живот, почнувајќи од 1958 год. до денес непрекинато твори, зборува и пишува за спортот, историјата на спортот, историјата на Битола и придонесува за развој на средината каде се родил, израснал и живеел непрекинато. Неговиот придонес како општественик го остварува како еден од основачите и претседател на Здружението за македонско-еврејска соработка Битола, Здружението за македонско-турско пријателство и соработка Битола и Здружението за македонско-српско пријателство Битола, еден од основачите на Еколошкото здружение на граѓани КОЛИБРИ и автор на рубриката „Денови пред години“ на порталот bitolanews.mk. Карактеристично е што во сите овие ангажмани бил активен волонтерски како позитивен пример на еден граѓанин за развој на […]
Извор на соопштението