ДОДЕЛЕНИ СЕРТИФИКАТИ НА ОБРАЗОВНИ АСИСТЕНТИ ЗА УЧЕНИЦИ СО ПОПРЕЧЕНОСТ ВО БИТОЛСКИТЕ СРЕДНИ УЧИЛИШТА

102

Во општина Битола, денес беа доделени сертификати на 8 лица за образовни и лични асистенти за ученици со попреченост во средните битолски училишта. Во присуство претставници на УНДП во земјава, градоначалникот Тони Коњановски и заменичката на постојаниот претставник на УНДП во земјава, Сања Бојаниќ, ги доделија сертификатите, со кои што асистентите стануваат конкурентни на пазарот на трудот и можат полесно да се вработат. Градоначалникот Коњановски истакна дека преку Програмата Општинско-корисна работа, која се имплементира од 2017 година во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации, работно се ангажирани 23 лица. Од нив, 13 се образовни и лични асистенти за ученици со попреченост во средно училиште, од кои 10 во средното општинско училиште Таки Даскало, 1 асистент во медицинското училиште д-р Јован Калаузи и 2 асистенти во средното земјоделско училиште Кузман Шапкарев. „За нас како општина, оваа програма е од особено значење, затоа што правиме чекор напред во инклузивниот процес на лицата, во случајот децата со попреченост и го реализираме нивното право на образование, заедно со нивните врсници и соученици, во образовните институции во Битола. На овој начин, им овозможуваме преку соодветно образование, да се стекнат со знаења и вештини кои ќе им овозможат постепено вклучување на пазарот на труд и социјална инклузија, како еден од најважните чекори во нивниот натамошен животен развој. Покрај 13-те образовни асистенти за средните училишта, преку програмата за општинско корисна работа, ангажирани се и 10 едукатори во други области. Со реализацијата на проектите со поддршка на УНДП покажуваме дека како локална самоуправа, особено за грижиме […]

Извор на соопштението

Претходно соопштениеКрводарителни акции
Следно соопштениеНОВ партнерски проект на ССКМ – “Smart Electricity for Buildings-Centers of Vocational Excellence”