Договор за стратешко партнерство МОК – Calivita International

192
Договор за стратешко партнерство МОК – Calivita International

Денеска во просториите на МОК се потпиша Договор за стратешко партнерство помеѓу MOK  и “Calivita International”. Договорот го потпишаа претседателот Даниел Димевски и Александар Апостолов, претставник на реномираната и светски присутна компанија, Calivita International.

Како многу успешна компанија, спонзори се на голем број Олимписки медалисти ширум светот.

Нивната филозофија е едноставна: да се води здрав животен начин, да се биде активен, да се храните правилно и да се чувствувате добро во секое време! Во 21 век, овој концепт е комплетиран со конзумација на додатоци во исхраната со врвен квалитет.

Се потпиша договор за соработка на повеќе полиња, имајќи ја во предвид тесната соработка на Каливита со спортистите преку суплементите од својот широк спектар на производи.

Главниот мотив и крајна цел на ова партнерство е нашите спортисти да имаат оптимални услови, вклучително и суплементација за постигнување на врвни спортски резултати.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Кузмановски: Убеден сум дека заедно со „Чкембарите“ и битолчани ќе се радуваме
Следно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Француски судии ќе го водат натпреварот Еурофарм Пелистер