Договорот со Обединетото Кралство ќе овозможи изградба на брза железница на Коридорот 10, уште еден колосек на пругата од Табановце до Гевгелија

54
Договорот со Обединетото Кралство ќе овозможи изградба на брза железница на Коридорот 10, уште еден колосек на пругата од Табановце до Гевгелија

Со договорот за политичка и економска соработка со Обединетото Кралство на Македонија и се става на располагање најголема економска рамка од 6 милијарди евра.

Со договорот ќе се реализира многу важен проект од железничкиот сообраќај, артерија на Коридорот 10.

Еден од проектите за имплементација е изградба на брза железница на Коридорот 10, односно реконструкција, модернизација и изградба на уште еден колосек на пругата којашто е дел од коридорот 10, од Табановце до Гевгелија.

Со развојот на железничката и патната инфраструктура се создаваат можности за поврзување, за подобар и поквалитетен живот на граѓаните.

Ќе започне нов силен циклус на економски раст.

Овие крупни инвестиции и проекти се од витално значење на државата кои ќе донесат и нови инвестиции, ќе се поттикне регионалната соработка, ќе се олесни соработката со соседните земји и ќе се олесни учество на Македонија на регионалните пазари.

Ќе се овозможи зголемување на обемот на трговијата и ќе создадеме можност за потенцијално зголемување на извозот. Ќе се овозможи Македонија да стане поатрактивна дестинација за нови странски инвестиции, кои носејќи капитал во нашата држава, ќе отворат и можности за нови вработувања.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеФилипче од Штип: Позади кредитот од 6 милијарди евра се крие антологиски грабеж!
Следно соопштениеДПМНЕ и Мизрахи не успеаја со криење документи да го обвинат Филипче за Онкологија – треба да се извинат