ДОНАЦИЈА НА СПОРТСКА ОПРЕМА ЗА ЕКИПИТЕ ОД ОПШТИНСКАТА ФУДБАЛСКА ЛИГА

92

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, попладнево имаше средба со претставници на екипите кои се натпреваруваат во општинската фудбалска лига. Како резултат на воспоставената добра соработка со општината, на денешната средба од страна на Општинскиот фудбалски сојуз и Фудбалската федерација на Македонија, беа донирани фудбалски топки за екипите од општинската фудбалска лига. Претставниците на екипите, се заблагодарија за поддршката од општината, а со градоначалникот разговараа и за досегашните вложувања во спортската инфраструктура, како и за моделот на идна соработка со општинскиот фудбалски сојуз.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеМалолетник избоден до смрт во Прилеп, ново убиство, што прават неспособните кадри на ДПМНЕ во МВР?
Следно соопштениеКовачевски од Рим: Со СДСМ членството во ЕУ до 2030 година е амбициозна, но достижна цел