Дворот на Општина Битола вчера беше локацијата во која се собраа настсвниците по физичко воспитување и директорите на основните училишта да ја примат донацијата која во пресрет на детското издание на трката МИНИ ТРЧАЈ БЕ ја обезбедија организаторите на познатата градска трка ТРЧАЈ БЕ и Атлетската федерација на Македонија. Ова е одличен гест од нивна страна за донирање на основна атлетска опрема на 12 основни училишта од Општина Битола и 3 основни училишта од Општина Могила. Во периодот на кампањата за пријавување на трката, како поддршка за заедницата, организаторите на трката донираа и 50 стартни пакети на децата од социјално ранливите семејства, обезбедувајќи и тие деца да имаат можност да учествуваат и да уживаат во трката. Оваа донација е искрена поддршка за децата, но и за едукаторите за нивната посветеност на негувањето на младите атлетски таленти. Никола Димитровски, претставник на ТРЧАЈ БЕ, Димитар Петровски, секретарот на Атлетската федерација на Македонија и градоначалникот Др. Тони Коњановски беа присутни заедно со поканетите гости, да го прослават овој значаен придонес за заедницата. „Среќни сме што ги поддржуваме нашите училишта и им ги обезбедуваме потребните алатки за поттикнување физичка активност и здрав живот. Битола е град на атлетиката, имаме славна историја на АК Олимп, која беше заборавена, а со стартот на ТРЧАЈ БЕ пред 6 години го возобновивме клубот во кој денес членуваат деца кои не се враќаат од натпревар без освоен пиедестал, со што сјајот на атлетиката на Битола е целосно вратен. Детското издание на ТРЧАЈ БЕ е повеќе од обична трка, тоа […]
Извор на соопштението