ДОСЕГА НАПРАВЕНИ ТРИ ТРАНСПЛАНТАЦИИ НА ЦРН ДРОБ, ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА НОТИРАШЕ НАПРЕДОК ВО ОВОЈ СЕГМЕНТ – Министерство за Здравство

117

Министерството за здравство информира дека пред една година првпат се изведе трансплантација на црн дроб во Северна Македонија, со што македонското јавно здравство се вброи меѓу врвните здравствени системи што изведуваат вакви процедури.

За овој краток период се направени три трансплантации кај тројца пациенти и сите се во добра здравствена состојба.

Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити се заблагодарува до сите кои се вклучени во процесот.

-Горд сум што Европската комисија оцени дека имаме напредок во овој сегмент. Дарувањето органи е најблагородниот чин и процес во кој се гледа човечката добрина. Упатувам благодарност до сите кои се вклучени во процесот, верувам дека заеднички можеме да направиме сѐ!, вели Меџити.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеАнтиевропската коалиција на ДПМНЕ и Левица ги чека пораз на изборите
Следно соопштениеБобан Илиоски е светски првак во кик бокс