Државата напредува, бележи дипломатски успеси, за прв пат е избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации, а СДС и Филипче тоа не го гледаат

4
Државата напредува, бележи дипломатски успеси, за прв пат е избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации, а СДС и Филипче тоа не го гледаат

На СДС му смета се што е во корист на државата.

Не сакаат Македонија да напредува и да успее, затоа и му пречи и дипломатскиот успех на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, кој во Скопје го потврди и претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта.

Минатата недела од Македонија, Кошта испрати јасна порака дека државата има опиплив напредок во делот на исполнување на Реформската агенда, а дополнително тоа се потврди и со добивањето на 65,7 милиони евра од Планот за раст, што е за 50% повеќе од, како што ги нарекуваат, фронтранерите Црна Гора и Албанија.

Државата бележи и друг успех на меѓународен план, кој е постигнат благодарение на посветената и неуморна работа и активност на македонската дипломатија. За прв пат Македонија е избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации – ЕКОСОК, за мандатниот период 2027-2029 година. Со ова Македонија ќе биде дел од едно од главните тела на системот на Обединетите нации.

Додека пак, нацрт-извештајот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент за Македонија за 2025 година, испраќа важна политичка порака и потврдува дека Македонија останува јасно препознаена како европска држава посветена на реформите, регионалната стабилност и стратешкото партнерство со ЕУ и НАТО.

Покрај тоа, имаме заедничка изјава со ЕУ во делот на одбраната и безбедносната политика, завршен е пост-мониторингот со Советот на Европа што е потврда дека ги исполнуваме сите демократски капацитети.

Македонската дипломатија посветено работеше и на полето за зацврстување на билатералните односи со државите и во тој правец се потпишаа стратешки договори со моќни европски и светски држави како САД, Обединетото Кралство, Хрватска, Унгарија.

Од друга страна, по долги години се стави крај на неработењето, коленичењето, понижувањето и потчинувањето на македонската дипломатија пред други држави, особено и во делот со Бугарија. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ потпиша Ратификување на договор со Бугарија за реализација на Коридорот 8, што е од клучно значење за Европа, регионот и самиот Балкан.

Додека едните само се сликаа на автопатиштата со маички и си делеа провизии од анексите за работа на коридорите, додека потпишуваа бланко листови за да останат ден повеќе на власт на штета на македонските интереси, ВМРО-ДПМНЕ работи на достоинственото претставување на државата и со конкретни чекори кои даваат реални ефекти и резултати, посветено работи на евроинтегративниот процес.

Додека некои со предавнички однос кон државата и поданички кон странски држави, Владата на ВМРО-ДПМНЕ со државнички однос постигнува напредок кој денес го поздравуваат голем број претставници на земјите членки на ЕУ.

Сето ова е постигнато со многу труд, многу работа и голема посветеност Македонија достоинствено да се претставува на меѓународен план. Се работеше долго и напорно, без многу фалење, далеку од очите на јавноста и на крајот донесе конкретни и видливи позитивни резултати за Македонија.

Овој успех на македонската дипломатија и напредок на државата не го гледаат само СДС и Венко Филипче, кои под поимот успех и реформа, подразбираат само промена на Уставот и внесување на Бугарите, со крајна цел редефинирање на македонската историја по бугарски терк.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеКолку пари требал да инкасира Богац за наместениот тендер за чистење на царинските терминали, вреден 18 милиони денари?
Следно соопштениеФилипче: На „црната коалиција“ на Балканот ќе ѝ се спротивставиме со прогресивно единство