Две години МВР со Тошковски не постапува за криминалот со надзорот на Бехтел и Енка

3
Две години МВР со Тошковски не постапува за криминалот со надзорот на Бехтел и Енка

Цели две години МВР со Панче Тошковски не презема никакви дејствија за криминалот со фирмата за надзор над проектот со ,,Бехтел и Енка”, иако во јавноста беа објавени сериозни сомнежи за милионски злоупотреби и енормни хонорари. Според информациите од обвинителството, предметот практично тапка во место поради непостапување на МВР во предистрага која трае две години, за која обвинителството пратило и УРГЕНЦИИ до МВР.

Во меѓувреме, се менува сопственичката структура во фирмата за надзор ,,Електра Солушнс” и нов сопственик станува Бојан Савески – кадар на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен соработник на Коце Трајановски. Со тоа, ДПМНЕ од наводен критичар на криминалниот договор со „Бехтел и Енка“ стана директен УЧЕСНИК во шемата од која се вртат милиони евра народни пари.

Особено симптоматична е улогата на „ЕЛЕКТРА СОЛУШНС“ – фирма која јавноста ја памети како компанија за долен веш, а која подоцна доби околу 8 милиони евра од надзорот над коридорите. Токму ВМРО-ДПМНЕ, додека беше во опозиција, јавно прашуваше како фирма за долен веш добива милионски договори за стратешки инфраструктурен проект. Денес, кога НИВНИ ЛУЃЕ влегуваат во структурата на надзорот, за истата фирма и истиот криминал – Мицкоски молчи. Јавно објавените информации покажаа и вртоглави суми за ангажираните експерти од Македонија преку оваа фирма: по 20.000 евра месечно за надзорни инженери и дури 300.000 евра по преговарач!

Панче Тошковски и МВР уште еднаш покажаа дека ветувањата за одговорност за историскиот криминал со ,,Бехтел и Енка” биле само предизборна лага. Откако Артан Груби им „избега“, па сам се врати без институционална реакција, сега истите структури го штитат и криминалот со „Бехтел и Енка”. ДПМНЕ не само што не го гони историскиот криминал со „Бехтел и Енка“, туку очигледно реши да стане дел од него.

The post Две години МВР со Тошковски не постапува за криминалот со надзорот на Бехтел и Енка first appeared on Левица.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеФилипче на ист став со Петрова Чамова, ќе преговара со Европа за интересите на Бугарија
Следно соопштениеКолку минимални плати потроши Трпе Деаноски на спортски игри во Црна Гора, и дали за него тим билдинг значи луксузирање на грбот на членството на УПОЗ?