Две први и две трети награди за учениците од ООУ Владо Тасевски на регионалниот натпревар по македонски јазик

156
Две први и две трети награди за учениците од ООУ Владо Тасевски на регионалниот натпревар по македонски јазик

Тоа што нѐ прави поинакви, што е одраз на нашата душа, што прави да бидеме ние, а не некој друг е нашиот јазик. Делата напишани со него се нашето богатство, нашето наследство. На регионалниот натпревар по македонски јазик и литература организиран од Сојузот на Друштвата по македонски јазик на Р. Македонија (со акредитација од МОН) одржан на 18.11.2023 на Филолошки факултет „Блаже Конески“ учениците од ООУ „Владо Тасевски“ постигнаа одлични резултати. Ученичките Ана Темјановска и Анастасија Ристевска од 7 одделение, освоија први места, со најмногу бодови од регион Скопје, одлични резултати имаат и Камелија Стоев и Софија Крстева од 9 одделение, кои се пласираа на трето место. Учениците кои успешно се претставија на регионалниот натпревар под менторство на наставникот по македонски јазик Соња Деловска продолжуваат на државен натпревар. Браво ученици!

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСДС-ДУИ-ДПМНЕ против Левица: Спремни со физичко насилство врз пратениците да ја рушат демократијата!
Следно соопштениеПо изјавите на Маричиќ може да се заклучи дека бил на винскиот саем и уживал во виното, но очигледно подобро е да пие витамини