ЕДЕН ДОНОР УТРОВО СПАСИ ЧЕТИРИ ЖИВОТИ – Министерство за Здравство

133

Првпат во историјата на македонското здравство, утрово од еден дарител беа експлантирани четири органи во еден акт. Благодарение на хуманоста на едно семејство, нивната љубов, добрина и емпатија која ја носат во себе, рано утрово ново срце почна да чука во градите на 40 годишен пациент од Скопје. Нова шанса за живот и црн дроб доби пациент со хронична црнодробна болест, а двајца пациенти на дијализа во текот на денот ќе добијат бубрези. Дополнитено шанса за поквалитетен живот наредниве денови ќе добијат пациенти со коскени заболувања.

Уште еднаш благодарност до семејството на донорот кои со нивната несебична одлука ни донесоа утро полно надеж и верба во безусловна добрина.

Благодарност до сите медицински тимови кои изминативе 24 часа работеа и се уште работат на скопските хируршки и интерни клиники.

На пациентите кои добија органи им посакуваме брзо опоравување. Горди сме на секој нов успех во македонското здравство.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Шампионот ја отвори сезоната, пет новајлии на прозивката во Битола
Следно соопштениеСДС манипулира, пратеници од ВМРО-ДПМНЕ изготвуваат суштински амандмани на Законот за македонски јазик