Еди Шерифовски го заврши својот олимписки настап во Париз

32
Еди Шерифовски го заврши својот олимписки настап во Париз

Во првата елиминациска борба во категоријата до 81 килограм, беше поразен од Гиљерме Шмид.

Иако на почетокот на борбата Еди беше поактивен од противникот, сепак искуството на панамериканскиот шампион кој е четврто рангиран на светската листа дојде до израз.

Бразилецот, во третата минута од борбата успеа да оствари поени (ипон) и да се пласира во четвртфиналето.

Шерифовски беше третиот македонски олимпиец кој настапи на игрите во Париз, по пливачот Ѓуретановиќ и Мојсовска во стрелаштво.

Следува голема пауза до следниот настап на македонските олимпијци.

Следните, и тоа два, се на 8 август кога ќе настапат таеквондистката Милјана Рељиќ и борачот Владимир Егоров.

Последен од македонските олимпијци ќе настапи атлетичарот Дарио Ивановски во маратонската трка закажана за 10 август.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеНиколова: ДПМНЕ одбива амандмани и не сака да зборува за министерката и долгот од милион евра кон МЕПСО
Следно соопштениеДржавата гори, владата на Мицкоски потфрла, лоша е координацијата на терен