Едукација на негуватели за помош и нега на стари лица и лица со попреченост за ризиците од семејно насилство и родово базирано насилство

74
Едукација на негуватели  за помош и нега на стари лица и лица со попреченост за ризиците од семејно насилство и родово базирано насилство

Црвениот крст на Република Северна Македонија во рамките на Проектот „Ублажување на ефектите и последиците од КОВИД-19 врз најранливите во општеството со посебен фокус на постарите луѓе“, финансиран од Австриското Министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачите, со поддршка на Австрискиот Црвен крст, од 01 до 03 септември 2023 година, во едукативниот тренинг центар „Солферино“ во Струга ја организираше втората работилница за  едукација на негуватели  за помош и нега на стари лица и лица со попреченост за ризиците од семејно насилство и родово базирано насилство.

Целта на едукациите е да се сензибилизираат обучените негуватели за ризиците од семејно и родово-базирано насилство врз старите лица и лицата со попреченост, препознавање на знаците на насилство, пријавување на проблемот и поврзување со надлежни институции во системот, одговорни за заштита на жртвите на семејно и родово-базирано насилство. На работилницата учествуваа 30 негуватели кои беа обучени во рамките на проектните активности преку Црвениот крст на град Скопје и општинската организација на Црвен крст Велес.

The post Едукација на негуватели за помош и нега на стари лица и лица со попреченост за ризиците од семејно насилство и родово базирано насилство appeared first on Црвен Крст на Република Северна Македонија.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСтрумица е европски пример којшто треба да се следи – Општина Струмица
Следно соопштениеСтојаноска: Уште во саботата ќе расправавме за оставка на Владата за скандалот со Онкологија доколку имаа морална чест и доблест