Во периодот од 24 до 28 ноември низ општините Бутел, Сарај, Кисела Вода, Шуто Оризари, како и во Куманово, Кавадарци, Гевгелија и Богданци, односно во 12 основни училишта, успешно ги реализиравме 5-те инспиративни работилници посветени на ОВЕП (Едукативна програма за олимписки вредности) програмата ✨
Наставниците имаа можност директно да се запознаат со принципите на ОВЕП и да совладаат практични техники и активности кои ќе ги применуваат во училница 👩🏫👨🏫. 80 наставници беа дел од овој процес и во наредните 4 месеци ќе ги пренесат новостекнатите знаења на своите ученици 📘➡.
Работилниците беа водени од две врвни експертки од Литванија , кои со својата енергија и експертиза ја подигнаа обуката на повисоко ниво .
Со ова, Македонскиот олимписки комитет со гордост објавува дека Македонија стана 16-та европска земја која официјално ја имплементира ОВЕП програмата 🌍🏅.
Проектот е реализиран со поддршка од Олимписката солидарност 🤝✨
#OlympicSolidarity
