Eдукативна работилница за дигитално насилство по повод Интернационалниот ден на Жената

151
Eдукативна работилница за дигитално насилство по повод Интернационалниот ден на Жената

По повод Интернационалниот ден на Жената, СОС Детско Село одржа едукативна работилница за дигитално насилство, со цел подигнување на свеста кај младите девојки и заштита од родово базирано насилство. Диспропорционалната засегнатост на жените со феноменот на родово базирано насилство во физичкиот свет се прелеа и во дигиталниот простор.

Истото најчесто се манифестира преку изложување на вознемирувачка или потенцијално штетна содржина на веб-локации и онлајн форуми и блогови, развој на виртуелни мрежи на поединци чиј главен интерес лежи во сексуална злоупотреба или трговија со луѓе и други форми на експлоатација и зголемено производство и дистрибуција на слики и материјали за сексуална злоупотреба.

Исто така, на овој ден Згрижувачите, си го честитаа овој ден меѓусебно и се охрабрија во однос на женските права, дигнитет и самостојност и како мајки, жени, сопруги. Благодарност за нивната посветеност и одговорната работа и грижата за деца. Нека им е честит денот на жените 8ми Март!

The post Eдукативна работилница за дигитално насилство по повод Интернационалниот ден на Жената appeared first on СОС Детско село.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСтудија на случај: Интергрирање на услугите за контрацепција и репродуктивна грижа во пакетот услуги на семејните лекари во Северна Македонија
Следно соопштениеШПАРКАСЕ БАНКА СО МОЖНОСТ ЗА ИНДИВИДУАЛНИ ДОНАЦИИ ЗА СОС ДЕТСКО СЕЛО ПРЕКУ МОБИЛНО БАНКАРСТВО