ЕГОРОВ СО А ОЛИМПИСКА НОРМА – УЧЕСНИК НА ОИ ПАРИЗ 2024

94
ЕГОРОВ СО А ОЛИМПИСКА НОРМА – УЧЕСНИК НА ОИ ПАРИЗ 2024

По одлуките на ИОК во врска со спортистите од Русија и Белорусија, Обединетото светско борење (UWW) денес го извести Македонскиот олимписки комитет дека Владимир Егоров како највисоко рангиран борач од Олимписките квалификации во Баку, Азербејџан и како сè уште неквалификуван борач (слободен стил, категорија 57 килограми), со “А“ олимписка норма ќе може да настапи на Олимписките игри ПАРИЗ 2024.

Оваа извонредна вест значи дека уште еден македонски спортист, овој пат со “А“ олимписка норма ќе настапи на Олимписки игри во Париз, кои ќе се одржат од 26 Јули до 11 Август 2024 година.

Честитки до Владимир Егоров и сигурни сме дека во Париз ќе го покаже и ќе го даде своето најдобро.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Усама Хосни повторно ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер
Следно соопштениеБитиќи: Граѓаните не добиваат ништо од промоцијата на инвестицијата во ветерниот парк