ЕКО АКЦИЈА НА ОСНОВЦИТЕ ОД ЕРАЗМУС ПРОГРАМАТА

222
ЕКО АКЦИЈА НА ОСНОВЦИТЕ ОД ЕРАЗМУС ПРОГРАМАТА

Учениците и наставниците од ,ООУ ,,Петар Поп Арсов”, во партнерство со основните училишта од Италија, Португалија, Шпанија, Латвија и Турција, како дел од проектот Еразмус, под наслов “Don’t wait to see the destruction”, денеска го збогатија дворот на училиштето со шест овошни дрвца. На оваа активност која е од еколошки карактер, присуствуваше и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, кој во знак на поддршка и внимание го засади првото дрво.

Имено, оваа активност е од огромно значење за јакнење на Меѓународното партнерство и пријателство, а во рамки на проектот се реализираат многубројни меѓународни активности и работилници, чија цел е подигнување на еколошката свест кај младата популација и граѓаните во целост.

Извор на соопштението

Претходно соопштение“СПОРТ ЗА ОПШТЕСТВЕН НАПРЕДОК” – Олимписки Комитет на С. Македонија
Следно соопштениеСо СДС и ДУИ косење на трева 1,5 милиони евра поскапо од лани