„Еко Тера“, поврзана со првиот регулатор Ристов, ја претвори Кадина Река во камењарник

1
„Еко Тера“, поврзана со првиот регулатор Ристов, ја претвори Кадина Река во камењарник

До Левица пристигна видео во кое се гледа сериозна еколошка катастрофа на Кадина река од изградба на мала хидроцентрала. Поради пренасочување на водата, од речното корито на Кадина е останата само сува и каменеста пустина. Ова го доведува во опасност од уништување локалниот биодиверзитет со тоа што го убива речниот живот и го загрозува опстанокот на шумите. Некогаш бистрата планинска река, десна притока на Вардар, денес е тотално уништена, а профитот оди во џебовите на тројцата сопственици.

Последното уништување на реката е од МХЕЦ „Кадина Река“, за која Регулаторната комисија за енергетика на 20 јануари 2026 година издаде лиценца за пробна работа. Оваа лиценца и овозможува на централата со инсталирана моќност од 5.400 kW да произведува 7.400 MWh струја годишно. И додека граѓаните се борат со високите сметки за струја и уништената животна средина, привилегираните поединци си градат хидроцентрали и продаваат струја по повластени цени.

Кој стои зад оваа централа? Носител на лиценцата е „Еко Тера“ ДОО Скопје, но, вистинските сопственици се три фирми:

  • „Алфа Инженеринг“ која е основана од Ацо Ристов, претседател на Регулаторната комисија за енергетика, а сопствеништвото формално го предаде на друго лице пред да стапи на високи политички функции; 
  • „Пескара Вел“ од Велес, фирма која во 2024 година склучи договор со ЕСМ вреден 562.462 евра и
  • „Минт Инженеринг“ од Батинци – компанија која се занимава со нискоградба и водовод.

Една фирма, три раце, еден интерес. Ацо Ристов, кој како претседател на РКЕ  одлучува за енергетските политики на државата, истовремено гради хидроцентрала која ќе му носи милионски профити. Иако формално откажан од милионските бизниси во енергетиката, изборот на Ацо Ристов за претседател на РКЕ, покажа дека Мицкоски ја зацврсти својата бизнис мрежа во овој високо профитабилен сектор.

Регулаторната комисија за енергетика, наместо да ги штити јавниот интерес и природата, издава лиценци за вакви проекти. Кој ги контролира контролорите? 

Левица бара:

  1. Итна ревизија на постапката за издавање на лиценцата за МХЕЦ „Кадина Река“;
  2. Целосна проверка на сопственичката структура на „Еко Тера“ и сите поврзани лица;
  3. Јавно објавување на сите договори и финансиски текови поврзани со овој проект и 
  4. Санкции за сите одговорни.

Додека институциите молчат, а природата умира, Левица ќе продолжува да ги разоткрива ваквите случаи. Оваа држава не е приватна сопственост на неколкумина, таа е наша, и за неа ќе се бориме со сите законски средства.

The post „Еко Тера“, поврзана со првиот регулатор Ристов, ја претвори Кадина Река во камењарник first appeared on Левица.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеУтре ДПМНЕ ќе го гласа ребалансот со кој секој десетти денар е позајмен, а амандманите на Левица насочени кон јавниот интерес – одбиени
Следно соопштениеВладата доби пет години за уривање на дивоградбите – Охрид „се спаси“ од црната листа на УНЕСКО