Компанијата Енерџи Деливери Солушн – ЕДС и официјално стана партнер и поддржувач на Македонскиот Олимписки комитет (МОК), со што ја потврди својата посветеност кон развојот на македонскиот спорт.
Како партнер на МОК, ЕДС ќе обезбеди поддршка за активностите на Комитетот и подготовките на спортистите за настап на големите меѓународни натпреварувања, вклучително и Олимписките игри.
Од компанијата истакнаа дека вложувањето во спортот и младите таленти претставува дел од нивната стратегија за општествена одговорност, додека од МОК потенцираа дека ваквите партнерства се од клучно значење за континуитет и квалитетна подготовка на олимписките кандидати.
