ЕСЕНСКО ЧИСТЕЊЕ НА ЛИСЈАТА ВО ОПШТИНА КАРПОШ

89
ЕСЕНСКО ЧИСТЕЊЕ НА ЛИСЈАТА ВО ОПШТИНА КАРПОШ

Вработените лица од Општина Карпош кои се задолжени за одржување на јавната чистота, периодов континуирано работат на собирање на паднатите лисја и отпадот во деловите на општината кои се под надлежност на локалната самоуправа. За да се постигне поголем ефект, нивната работа ја организираат координаторите од Урбаните заедници, кои преку дефиниран план и програма ги менаџираат активностите кои потоа ги преземаат хигиеничарите од Општината.

Во рамки на оваа акција во изминативе два дена на теренот се приклучија и екипите од ЈП „Паркови и зеленило – Скопје“, кои ги чистеа лисјата и сметот на главните сообраќајници на територијата на локалната самоуправа. Поточно се чистеа површините на булеварите „Партизански одреди“, „Илинден“ и „Митрополит Теодосиј Гологанов“, а во наредниве денови ќе бидат исчистени и споредните улици кои ги поврзуваат овие главни сообраќајници како се под ингеренции на Градот Скопје. Во овој случај, ЈП „Паркови и Зеленило“ располагаат со пет возила и 10 работници кои  интензивно работат на терен во расчистување на територијата на Карпош.

За таа намена, инспекциските служби на Општината секојдневно се во контакт и заедничка координација со претставниците од ЈП „Паркови и зеленило“ како и со општинските служби за одржување на хигиената, со цел заеднички да делуваат поефикасно во насока на одржување на здравата животна средина.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСВИКAНА ЧЕТИРИЕСЕТ И ОСМАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Следно соопштениеПоврзаноста на лидерството и коучингот го препознава и бизнис заедницата