Евроамбасадорот Гир во посета на општина Струмица – Општина Струмица

120
Евроамбасадорот Гир во посета на општина Струмица – Општина Струмица

Градоначалникот на општина Струмица денеска беше домаќин на Н.Е. г. Дејвид Гир, амбасадор на Делегацијата на ЕУ во РСМ и голем пријател на Струмица.

На средбата во градоначалничкиот кабинет разговараа за годината којашто помина, за проектите коишто се реализирани и започнати, за соработката со европските фондови, но и за новите предизвици во годината којашто започна, како на локално така и на државно ниво.

Градоначалникот му се заблагодараи на евроамбасадорот Гир за почитта и поддршката којашто ја добива од него и го потврди ставот дека европската иднина е перспективата за општината и државата.

Со посебно задоволство прошетаа и во Младинскиот центар во општинската зграда, кој е еден од омилените проекти на градоначалникот Костадинов реализирани во минатата година, а кој секојдневно си ја оправдува и потврдува својата намена.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеМицкоски: Ќе побарам поддршка од Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за поднесување претставка пред Уставниот суд за ставање на времена мерка на Законот од 2021-ва година за патните исправи и пасошите
Следно соопштениеМицкоски: Системот е девастиран и уништен, тоа се виде во М-НАВ каде членови на ДУИ упаднаа и го загрозија објектот од стратешко значење