Европската комисија согласна со критиките на Левица за нетранспарентноста на државните институции Левица

17
Европската комисија согласна со критиките на Левица за нетранспарентноста на државните институции Левица

Во Извештајот на Европската Комисија за напредокот, или подобро кажано, за отсуството од напредок на владеењето на правото во Република Македонија, забележан е проблем во однос на цензурирање, т.е молк на администрација при поднесени барања за информации од јавен карактер – проблем за кој ние преку секторот Политички систем при Левица говориме веќе подолго време.

Во изминатата година секторот Политички систем водеше повеќе кампањи со барања за информации од јавен карактер до тогашното Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, кои Министерството спротивно на Уставот одбиваше да ги одговори и покрај усвоените жалби од страна на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, НАЛОЖУВАЈЌИ го да даде повратна информација.

За овој противуставен престап од страна на Левица беше известена јавноста, но и државните органи кои се задолжени да ги заштитат правата и слободите на граѓаните. Поради немање слух и нефункционалната држава, за нарушувањето на транспарентноста од страна на властите беа известени и нашите „стратешки партнери“ односно Европската Унија, Советот на Европа, ООН, како и меѓународни и локални невладини органзиции кои се занимаваат со правата на граѓанинот.

Левица ја информира јавноста дека до сега раслоеното старо-ново Министерство за односи меѓу заедниците, повторно ги поднесе истите барања за информација од јавен карактер, кои претходното Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците предводено од Артан Груби одбиваше да ги одговори, со цел да дознае дали станува збор за вистинска или пак козметичка промена.

Loading



Извор на соопштението

Претходно соопштениеАнастасија Мојсовска со одличен резултат го заврши својот настап на ЛОИ Париз 2024
Следно соопштениеМАНУ е единствената институција која ја обединува научната мисла, критериум за членство не може да биде етничка или политичка припадност