Европски спортски конгрес – Олимписки Комитет на С. Македонија

125
Европски спортски конгрес – Олимписки Комитет на С. Македонија

На минатонеделниот Европски Спортски Конгрес што се одржа во Гихон, Шпанија, Олимпискиот Комитет ги претстави проектите и партнерствата во делот на унапредување на родовата еднаквост.

Силвија Митевска која ја координира работата на Комисијата за жени и спорт како и тековните Еразмус проекти, ги презентираше главните активности и продукти кои се развиваат во рамки на овие партнерства. Подетално се презентираа активностите кои ги имплементираме заедно со останатите партнери во проектите GE FORCE, SWoL ( Sport Women Leaders)  и GAMES ( Guidnance to more equal leadership in sport), како и соработката со УН Вомен и амбасадата на Франција во Скопје. 

Посетете ги вебсајтовите на проектите за повеќе информации и придружете ни се на 30ти октомври на националниот настан на кој ќе разговараме околу напредокот со родова еднаквост во спортот. Повеќе информации следат наскоро.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеМилошоски до Маричиќ: Кога си неизживеан вицепремиер, умислен мачомен и без срам провоцираш жена, сопруга и пратеничка со недоличен сексизам
Следно соопштениеСтрумица ќе има уште еден булевар – Општина Струмица