Филипче и СДС зборуваат за чувства, а институциите по факти и докази, досега тројца приведени

4
Филипче и СДС зборуваат за чувства, а институциите по факти и докази, досега тројца приведени

Органите не работат според чувствата на СДС и Филипче, туку според факти и докази.

А фактите говорат тројца приведени за труењето со водата, детална анализа за тоа како и што е загадена, и целосна мобилизација на институциите. А кога последен пат работеа чувствата на Филипче за профит, 14 живи изгореа во модуларната болница, направена од вицепремиерот во неговата влада и десетици илјади умираа од корона, додека Венко договараше приватни провизии за набавка на кинески вакцини.

А ако имаше достоинство, Филипче немаше ниту да ја прифати улогата на маскота на партијата и чувар на тронот на криминалецот Зоран Заев.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеИзгледа СДС сакаат да се компромитира истрагата за Гостивар за да нема одговорност, како што немаше за Филипче за модуларната во Тетово
Следно соопштениеСо Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, културата и туризмот повторно се државен приоритет, обезбедени се рекордни средства и силна поддршка за развојот