Филипче и Славјанка предремаа 7 годишна брутална злоупотреба од ДУИ, а сега кога се во трка за пропадната СДСМ се разбудија и реагираат зошто ДУИ поддржала закон за влада во која не учествуваат

34
Филипче и Славјанка предремаа 7 годишна брутална злоупотреба од ДУИ, а сега кога се во трка за пропадната СДСМ се разбудија и реагираат зошто ДУИ поддржала закон за влада во која не учествуваат

Од партијата која на тацна ја даде Македонија кога ги силуваа институциите и ограбуваа не кажаа ниту збор.

И кога секогаш ќе поддржеа нешто од СДС, овие испорачуваа плус 10 пати повеќе.

Во нормална држава Филипче би се срамел од дома да излезе. Jасно е дека се тепа да стане претседател на СДС зашто мисли дека тоа ќе го спаси од одговорност зашто тој и неговиот духовен водач Зоран Заев така функционирале.

Но се ќе излезе на видела. Македонија не заборава, народот памети.

Што се однесува до Славјанка, немаме што да кажеме освен дека е безлична личност во македонската политика. Дури и на ниво на декор е безлична и без никаква суштина. Како оние празни вазни во трговски центри кои ги гледаме дека се тука внимаваме да не се удриме во нив, а кога ќе се запрашаме што бараат тука, сфаќаме дека немале кај да ги стават и оставени се така празни.

Венко и Славјанка се клучен дел за поразот на СДС и нивниот поданички однос кон Заев и Ковачески ги донесе СДС до ова дереже до кое се денес.

ВМРО-ДПМНЕ своето прво ветување го исполни. ДУИ е во опозиција. Со се нивните потрчковци од СДС.

Следува одговорност за сите. Смирете се и без нервози.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеКовачевски: Гледаме политички пазар, без јавна дебата, за зголемување на државната управа
Следно соопштениеСДСМ станува изолирана партија, огромно двотретинско мнозинство во собранието поддржа системски закон, само СДСМ против, да беше тендер први ќе го поддржеа