Филипче слепо ја следи агендата на Заев игнорирајќи го членството и потребата од реформи во партијата

44
Филипче слепо ја следи агендата на Заев игнорирајќи го членството и потребата од реформи во партијата

Венко Филипче безрезервно ја следи политичката стратегија на Заев штитејќи ги бизнис интересите на кланот Заеви, а притоа целосно ги игнорира барањата на базата во партијата и ја занемарува потребата од реформи.

Филипче доживеа дебакл на изборите со само 120 илјади гласа и 6 општини ја уништи довербата кај граѓаните и членството на партијата.

Единствен приоритет на Филипче е исполнување и реализација на барањата и планот на Заев. Реформите и напредокот на СДС се во втор план на Филипче, а фокус му се желбите и заштитата на Заев.

Филипче делува по насока на Заев, потврда за тоа е изборот на лојални кадри блиски до Заев и поставувањето на Александар Трајановски за потпретседател на партијата.

И додека Филипче ја турка СДС во лидерска криза, актуелни и поранешни функционери се дистанцираат од него и не сакаат да бидат дел од раководството на СДС токму поради недовербата во неговото лидерство.

Филипче со своето делување ги блокира реформите во партијата. Единствен чекор со кој може да ја спаси партијата од дополнително раслојување е оставка и целосна внатрешна реформа низ транспарентен и демократски процес. На Македонија и е неопходна силна и конструктивна опозиција.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеХЕРА: Тестирањето е избор што менува животи! Европска недела на ХИВ и СПИ тестирање: „Тестни се! Прегледај се бесплатно, доверливо и безбедно“
Следно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Абутовиќ: Заврши периодот на адаптација, чекориме во нагорна линија (ВИДЕО)