Минатата недела во Португалија се одржа финалната конференција во рамки на Еразмус проектот ,, GE Force”. На конференцијата се презентираа продуктите кои беа развиени во рамки на проектот, вклучувајќи ги:
-истражувањето и водичот на добри практики,
-едукативната онлајн програма наменета за млади спортисти и спортистки и
-системот за самоевалуација кој можат да го користат сите спортски организации со цел да увидат колку нивните спортски политики се со интегрирана компонента на родова еднаквост.
Сите развиени продукти се достапни на веб страницата: https://genderequalityforce.com/#features