Фолклорната традиција на Струмица живее преку младите: Годишен концерт на Фолклорна Низа

108
Фолклорната традиција на Струмица живее преку младите: Годишен концерт на Фолклорна Низа

Струмица има долга и богата фолклорна традиција којашто станува се попривлечна за младите генерации.

Потврда на ова е годишниот концерт на Здружението за ора и песни „Фолклорна Низа“ кој вечерва се одржа во големата сала на НУЦК ,,Антон Панов”.

Во полната сала меѓу своите сограѓани беше и градоначалникот на општина Струмица, Петар Јанков со соработниците, како голем почитувач на фолклорното богатство на Струмица, а посебно на оние кои го негуваат и продолжуваат, како што е ,,Фолклорна низа”.

За неговата почит и поддршка, доби благодарница и подарок од Здружението за што се заблагодари со посебна чест и задоволство, потврдувајќи дека членовите на ,,Фолклорна низа” секогаш ќе ја имаат неговата поддршка.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеРешение за свикување на петтата седница на Советот на општина Струмица 
Следно соопштениеОпштина Струмица со силна поддршка за спортот и спортските настани