Денес, во зградата на IWconnect во Битола, се одржа свечено потпишување на Меморандум за воспоставување на првата регионална Платформа за млади во која членуваат 18 субјекти, односно 9 општини од Пелагонискиот регион и 9 организации. Платформата се формира во рамките на проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија“, којшто го имплементира Про Локал, организација од Битола, а со финансиска поддршка од Амбасадата на Кралството Холандија, преку програмата „Матра“. Присутните на настанот ги поздрави и градоначалникот Тони Коњановски, нагласувајќи: „Велат нема поубаво од тоа да се дружиш со млади, од нив секогаш ќе научиш нешто ново! Тоа го знам и од лично искуство! Токму затоа сакам да изразам голема благодарност и до тимот на Про Локал кои денес се наши домаќини и кои заедно со уште 8 локални организации и искрената поддршка од Амбасадата на Холандија се причината заради која веќе 3 години се дружиме со младите од 9 општини, дебатираме, практицираме демократија, зборуваме за теми кои се важни за нив но и за нас повозрасните, бидејќи нема поголема вистина од онаа која вели: Светот останува на младите! Морам да истакнам, дека во рамките на овој проект, ние општините, бевме многу среќни и опуштени во соработката со младите! Се радуваваме на секој нивни предлог, бевме присутни на секоја работилница на која бевме поканети и искрено се вложивме да им ја олесниме комуникацијата со нашите локални самоуправи разбирајќи дека за младите тоа некогаш е предизвик, тоа е бирократија и енергија. Се надевам, а и ветувам дека силно ќе се посветиме да не ја […]
Извор на соопштението