Согласно престојните процеси за Праведна транзиција во Битoлскиот и Пелагонискиот регион, потребно е соодветно вклучување и активно учество на сите засегнати страни и јавноста од регионите со јаглен во процесите на планирање и консултација. Бидејќи овој процес се уште во поголема мерка е непознат во јавноста, а сепак се однесува на иднината на регионот и градот Битола, потребно е поблиско запознавање со процесот, како и со усвоениот патоказ за Праведна транзиција. Во таа насока, Министерството за економија, општина Битола и невладината Еко Свест организираат Форуми на заедницата за Програмата за праведна транзиција. На првата форумска средба се обратија градоначалникот Тони Коњановски, раководителот на секторот за енергетика во Министерството за економија Валентина Старделова и извршната директорка на невладината Еко Свест. Градоначалникот Тони Коњановски ги посочи реализираните проекти на општина Битола во насока на поголема енергетска ефикасност на јавните објекти, како и субвенционирањата на граѓаните по однос на подобрување и заштита на животната средина. „Затоа, со цел засегнатите страни во целиот процес на Праведна транзиција, а тука не е само локалната самоуправа, туку и бизнис секторот, јавните институции, невладиниот сектор, да бидат активни чинители, се одржуваат овие форуми, чии заклучоци ќе бидат пренесени во натамошните работни групи. Климатскиот инвестициски фонд го одобри Инвестицискиот план за забрзана енергетска транзиција од јаглен кон чиста енергија во вредност од 85 милиони долари за Македонија, но ние повторно немаме никакви информации како општина, колку од тие средства се наменети конкретно за нашата општина, во кој дел е нивната намена, кој е начинот на кредитирање, дали кредитирањето […]
Извор на соопштението