ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА ЦРВЕНИОТ КРСТ, САИТ САИТИ, БЕШЕ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

43
ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА ЦРВЕНИОТ КРСТ, САИТ САИТИ, БЕШЕ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

Денес, градоначалникот Никола Најдовски во неговиот кабинет оствари продуктивна средба со генералниот секретар на Црвен крст на РСМ, д-р Саит Саити, каде што се разговараше за идни нови проекти кои што се изработуваат во интерес на општествената заедница.

Саити ја поздрави агилноста, ажурноста и тимското работење од страна на Општинската организација на Црвен крст Демир Хисар и ја потенцираше важноста и поддршката од градоначалникот и Општина Демир Хисар во спроведување на сите програмски активности, односно афирмацијата на хуманите вредности и иницијативи.

Генералниот секретар на Црвениот крст, Саити и градоначалникот Најдовски присуствуаа на натпреварот во футсал помеѓу средношколци од СОУ „Крсте П. Мисирков“ и Спортска академија на ФФМ во Битола за деца од средношколска возраст кој се одржа во спортската сала „Јордан Пиперката“ во Демир Хисар.

The post ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА ЦРВЕНИОТ КРСТ, САИТ САИТИ, БЕШЕ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР appeared first on Црвен Крст на Република Северна Македонија.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеКостадиновска – Стојчевска: СДСМ ја води државата по вистинскиот пат кон ЕУ и нема да се откажеме
Следно соопштение„Црната листа“ на САД доказ дека СДС е во коалиција со криминалците во Македонија, неформалниот коалициски партнер Стевчо Јакимовски и нивниот перјаник Катица Јанева непожелни личности за стратешкиот партнер