Генералниот секретар на Меѓународниот Комитет на Медитеранските игри во посета на МОК

125
Генералниот секретар на Меѓународниот Комитет на Медитеранските игри во посета на МОК

Генералниот секретар на Меѓународниот Комитет на Медитеранските Игри (МКМИ), г-дин Јаковос Филипусис му го додели Златниот Медитерански Венец на претседателот на МОК, Даниел Димевски за неговиот голем придонес во развојот на спортот на меѓународно ниво и посебно на Медитеранските игри како заменик Претседател на Маркетинг Комисијата на МКМИ. 

Овој момент претседателот Димевски го искористи да се заблагодари на МКМИ за досегашната поддршка и помош, но и да побара нови проекти за унапредување на македонскиот спорт, а за потребите на Националните спортски федерации. Генералниот секретар на МКМИ, Јаковос Филипусис даде силно ветување за зголемување на финансиската помош на МОК односно за македонските спортисти, посебно за оние кои учествувале и кои ќе учествуват на идните Медитерански игри. 

Исто така, помош е ветена и во учество на најдобрите македонски спортисти и Национални спортски федерации на соодветни тренинг кампови за високи спортски резултати во поединечни спортови каде би тренирале со најдобрите спортисти од Медитеранот, со посебен осврт на унапредување на знаењето на тренерскиот кадар и кадарот задолжен за здравјето на спортистите преку примена на најновите достигнувања во областа на спортската медицина.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеКовачки: Нервозата кај Петровска не е од мене, таа ќе излезе на виделина кога СДС ќе ги објави листите за пратеници каде е гужва пред гол за 3-4 добитни места
Следно соопштениеСоветничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Советот на Град Скопје ја изгласа иницијативата за враќање на споменикот на Андон Лазов Јанев Ќосето