Гевгелискиот Градоначалник части сопартиец од дпмне со милионски тендер

129
Гевгелискиот Градоначалник части сопартиец од дпмне со милионски тендер

Гевгелискиот градоначалник, Сарамандов, му дал тендер од над осум милиони денари на својот сопартиец од ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Томовски.

Тендерот во вредност од 8 253 864 денари, Сарамандов го дал на Ивица Томовски, односно на неговата компанија “Сити логистик”, а со цел реконструкција на Домот во Прдејци.

На Томовски, кој на сликата држи прес во “Белата палата”, не му е прв пат да се омрси со државни пари. Тој државни пари во милионски суми добивал и од “Електрани на Македонија” во времето кога таму директор беше Христијан Мицковски.

Општините под контрола на ВМРО-ДПМНЕ се претворени во машинерија за испумпување пари во корист на функционерите и елитата од друштвото на Мицковски, а Општина Гевгелија не е исклучок!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
ЛО ГЕВГЕЛИЈА
07.08.2023



Извор на соопштението

Претходно соопштениеДПМНЕ да даде поддршка на уставните измени со кои се забрзува процесот на евроинтеграции
Следно соопштениеНа две локации во градот се поставени пластикомати – Општина Струмица