ГИМНАСТИЧКИОТ СОЈУЗ НЕМА ДА ЈА ЗАГУБИ САЛАТА, СПОРОТ Е СО ИНДИВИДУАЛНА ФИРМА

148

Почитувани, Воочи утрешниот најавен протест од страна на Клубот на гимнастички спортови Партизан Битола и Федереацијата на гимнастички спортови Битола, потпишан од страна на  претседателот Љупчо Арнаудов, општина Битола го издава следното соопштение: Поради неплатени долгови кон општина Битола, фирмата ДООЕЛ Џокер Турист има раскинат договор за закуп на спортски објект од 992 м2, познат како ДТВ Партизан, како и дворно место од 8399 м2 и помошни деловни простории кои припаѓаат кон спортскиот објект (поранешен Зодијак). Гореспоменатата фирма, нема исплатено СЕДУМ закупнини, а не две, како што тврди во одредени медиуми сопственикот на фирмата ДООЕЛ Џокер Турист, Љупчо Арнаудов. Општина Битола има спор со приватна фирма, не со Клубот на гимнастички спортови Партизан Битола и не со Федерацијата на гимнастички спортови.  Општина Битола не побара иселување на Клубот на гимнастички спортови Партизан Битола, бара раскинување на договор со ПРИВАТНА фирма, која не ги исполнува условите. Градоначалникот Коњановски веќе посочи дека ваквата законска одлука не значи дека гимнастиката ќе згасне, или дека Клубот на гимнастички спортови Битола нема да работи. Напротив, објектите кои што се во функција на спортот, како што е гимнастичката сала, може да се издаваат според утврден ценовник на општината. Клубот за гимнастички спортови  како и сите останати спортски клубови, ќе може да ја користистат и понатаму, во  насока на развој на гимнастиката. Под останти спортски клубови, се мисли на други гимнастички клубови, кои што во иднина може да се дел од основните и средните училишта, или пак други регистрирани гимнастички клубови. Салата за гимнастика им припаѓа на […]

Извор на соопштението

Претходно соопштениеВТОРА ФОРУМСКА СЕСИЈА НА БУЏЕТСКИ ФОРУМ ВО ОПШТИНА БИТОЛА
Следно соопштениеСОВЕТОТ НА КАРПОШ ГО УСВОИ РЕБАЛАНСОТ НА ОПШТИНСКИОТ БУЏЕТ