За време на посетата на Лондон, членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев се сретна со поранешните премиери на Велика Британија, Борис Џонсон и Лиз Трас, екс премиерите на Австралија, Скот Морисон и Тони Абот, како и поранешната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ. На средбите Ѓорчев ги повтори позициите на ВМРО-ДПМНЕ во однос на актуелните прашања во Македонија и во светот. Ѓорчев додаде дека Македонија и македонскиот народ имаат право на свои права, посебност и идентитет. Ѓорчев учествуваше на ИДУ форумот по повод 40-годишнината од формирањето на најголемата светска организација на десниот центар, која обединува повеќе пд 100 политички сестрински партии со слична програма и принципи.
![Ѓорчев се сретна со Борис Џонсон, Лиз Трас, Скот Морисон, Тони Абот и Колинда Грабар Китаровиќ Ѓорчев се сретна со Борис Џонсон, Лиз Трас, Скот Морисон, Тони Абот и Колинда Грабар Китаровиќ](https://vmro-dpmne.org.mk/wp-content/uploads/2023/06/Slika-2-5-772x1024.jpg)
![](https://vmro-dpmne.org.mk/wp-content/uploads/2023/06/Slika-1-6-1024x726.jpg)
![](https://vmro-dpmne.org.mk/wp-content/uploads/2023/06/Slika-3-6-1024x726.jpg)
![](https://vmro-dpmne.org.mk/wp-content/uploads/2023/06/Slika-4-5-743x1024.jpg)