Ѓорчев во Лондон на форумот на ИДУ

139
Ѓорчев во Лондон на форумот на ИДУ

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев во Лондон учествува на форумот на ИДУ, најголемата глобална организација на десниот центар. 

Владејачката конзервативна партија на Велика Британија е домаќин на собирот, со обраќање на министерот за надворешни работи Џејмс Клеверли. ИДУ одбележува 40 години основањето од страна на Џорџ Буш постариот, Маргарет Тачер и Хелмут Кол.

На форумот во Лондон свои обраќања имаат поранешните премиери Борис Џонсон и Лиз Трас од Велика Британија, Стивен Харпер од Канада, Тони Абот, Џон Хауард и Скот Морисон од Австралија, Јанез Јанша од Словенија, екс претседателите на Украина и на Хрватска Петро Порошенко и Колинда Грабар Китаровиќ, како и екс државниот секретар на САД Мајкл Помпео.

Меѓународната демократска унија (ИДУ) е најголемата глобална организација на десниот центар, во која членуваат повеќе од 100 партии со сродна програма и принципи.

Ѓорчев во Лондон на форумот на ИДУ

Извор на соопштението

Претходно соопштениеПрашање за Мицкоски: Што потврдува за ДПМНЕ криминален имот и почесен претседател на црна листа на САД?
Следно соопштениеТренер/Селекторот на женската кадетска ракометна репрезентација Кристијан Грчевски го објавува поширокиот список на ракометарки за претстојното WOMEN’S 17 EHF EURO 2023 – Ракометна Федерација на Македонија