„Ние имаме договор со „Дрисла“ и секој месец плаќаме на „Дрисла“. Не може Општина Кисела вода да тоне во ѓубре, Аеродром тоне во ѓубре, сите општини се хаос. Кога не сака да сервисира Град Скопје мораме ние да си ги исчистиме“, истакна градоначалникот на Општина Кисела Вода пред Депонијата „Дрисла“.
Ѓорѓиевски додаде дека мора да се ослободи да влезат луѓето. Не може цела вечер камионите да се држат и луѓето да седат пред капија.
Градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски се надоврза и истакна дека мора да се пуштат камионите, бидејќи е здравствени ризик.
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, продолжи и го замоли вработениот во „Дрисла“ да се јави на директорот.
„Јас те замолувам вака јави му се на директорот и замоли го искрено и во име на Кисела Вода, Гази Баба и сите останати општини. Ќе почне да стигнуваат и од Ѓорче и од Бутел и од сегде. Нема да изгледа вкусно да го истуриме отпадот тука“, кажа Ѓорѓиевски.
Ѓорѓиевски посочи дека стигаат и други камиони, и да не се доведат во ситуација да треба пред „Дрисла“ да го одлагаат отпадот.
https://fb.watch/lGSOzm883k/?mibextid=Nif5oz