Ѓорѓиевски наместо да бира директор – Универзална да ја стави во мирување.

1
Ѓорѓиевски наместо да бира директор – Универзална да ја стави во мирување.

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Георгиевски, јавно изнесе невистинити информации со што ја доведе јавноста во заблуда во врска со ПОНИШТЕНИОТ конкурс за избор на директор на ЈУ Универзална сала.

Имено, градоначалникот тврдеше дека конкурсот бил поништен бидејќи се пријавил само еден кандидат со нецелосна документација. Меѓутоа, достапните информации и јавно објавените реакции од учесници во постапката упатуваат на поинаква фактичка состојба и отвораат сериозни СОМНЕЖИ за вистинитоста на ова тврдење.

Затоа, го повикуваме градоначалникот јавно да ги поткрепи своите тврдења со конкретни ДОКАЗИ и документи. Доколку навистина постоел само еден кандидат со нецелосна документација, нека ги објави официјалните податоци од постапката, бројот на пријавени кандидати и записниците врз основа на кои е донесена одлуката за поништување на конкурсот. Воедно, сметаме дека целиот случај отвора едно многу поважно прашање: дали воопшто постои потреба од избор на директор во институција чиј објект сè уште е во фаза на реконструкција и не ја извршува својата основна дејност?

Во услови кога објектот на Универзална сала е далеку од завршен, сметаме дека Јавната установа на Град Скопје „Универзална сала“ треба привремено да се стави во мирување до целосното завршување на реконструкцијата, добивањето на сите неопходни дозволи и официјалното отпочнување со работа. Не гледаме никаква оправданост за спроведување постапки за избор на директор, планирање нови вработувања и создавање дополнителни административни ТРОШОЦИ за институција која во моментов фактички не ја врши својата основна дејност и не располага со функционален објект.

Истовремено, предлагаме сите постојни вработени во ЈУ „Универзална сала“ транспарентно привремено да бидат ПРЕРАСПРЕДЕЛЕНИ во останатите јавни установи на Град Скопје, согласно потребите на установите и квалификациите на вработените. На овој начин ќе се обезбеди рационално користење на јавните средства. Градот Скопје, најнапред треба да ја изгради и оспособи институцијата. Сè друго претставува нереална „мерка” и задоволување на тесно-ПАРТИСКИ интереси и политичка кадровизација пред реалните потреби на културниот сектор

The post Ѓорѓиевски наместо да бира директор – Универзална да ја стави во мирување. first appeared on Левица.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеОПШТИНА КАРПОШ Е ДЕЛ ОД ПРОЕКТОТ ЗА ОДРЖЛИВА УРБАНА МОБИЛНОСТ
Следно соопштениеЛукаревска: ВМРО ја држи во заложништво европската иднина на Македонија