Годишно собрание на ХЕРА: отчетност, ново раководство и јасни приоритети за иднината

44
Годишно собрание на ХЕРА: отчетност, ново раководство и јасни приоритети за иднината

ХЕРА го одржа редовното Годишно собрание, на кое пред членството беа презентирани постигнувањата од 2025 година, беше усвоен Годишниот финансиски извештај и се дискутираше за идните приоритети и стратешки насоки на организацијата.

Собранието беше можност за осврт на сработеното во изминатата година, но и за заедничко поставување на насоките за понатамошниот развој на ХЕРА. Преку своите програми, услуги, едукација и застапување, организацијата и во 2025 година продолжи да работи на унапредување на здравствените, социјалните, демократските и човековите права, особено за заедниците и граѓаните кои се соочуваат со нееднаквости, исклучување и ограничен пристап до поддршка.

На Собранието беше презентиран Програмскиот годишен извештај за 2025 година, во кој беа истакнати клучните резултати, предизвици и научени лекции од работата на организацијата. Членството го разгледа и усвои и Годишниот финансиски извештај за 2025 година, со што беше потврдена заложбата на ХЕРА за транспарентно, одговорно и отчетно работење.

Во рамки на Собранието беа избрани нови членови на Собранието на ХЕРА, како и нов претседател и нов состав на Управниот одбор. Со ова, организацијата продолжува со обновена енергија, проширено членство и јасна посветеност кон својата мисија.

Посебна благодарност беше изразена до претседателката и членовите на Управниот одбор во заминување за нивната посветена работа, лидерство и придонес во развојот на организацијата во изминатиот мандат.

Им се заблагодаруваме на сите членови, партнери, поддржувачи и соработници за довербата и континуираната поддршка.

ХЕРА продолжува напред  со одговорност кон членството, доверба во заедниците и посветеност кон промени што оставаат трага.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеРЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА ВО РАКОМЕТ НА ПЛАЖА ГО ЗАВРШИ НАСТАПОТ НА ТУРНИРОТ ВО ПОЛСКА
Следно соопштениеСДС тоне поради слугувањето на Софија а Филипче е најгласен промотор на бугарските барања и внесувањето на Бугарите во Устав