ГОЛЕМ БРОЈ АКТИВНОСТИ ВООЧИ ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА БИТОЛА 4 НОЕМВРИ

101

79 годишнината од одбележувањето на Денот на ослободувањето на Битола 4 Ноември, донесе низа активности во текот на денешниот ден. Традиционално, се одржа крводарителска акција во општина Битола, на која вработените и граѓаните даруваа од најдрагоцената течност, која спасува човечки животи. Одзивот беше голем, а крводарителите и вработените во Одделението за трансфузиологија, кои што денес беа на терен, ги посети градоначалникот Тони Коњановски. Тој посочи дека хуманоста на граѓаните во Битола е секогаш на завидно ниво, а истовремено од екипата на трансфузиологија, беше информиран за текот на самата крводарителска акција. На отворено, на Плоштадот Магнолија, денес се одржа и Пинг-понг на отворено, во организација на пинг-понг клубот „Пелагонија“. Градоначалникот Коњановски изрази особeно задоволство што млади лица сакаат да се занимаваат со овој спорт и да бидат дел од пингпонгарскиот клуб. На обострано задоволство, градоначалникот одигра неколку меча со младите пингпонгари. Традиционално, во хотелот Премиер, се одржа и Шаховсиот турнир за слепи лица, на кои што голем дел натпреварувачи ги одмерија силите во шаховските вештини.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеПРИЕМ КАЈ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ПРЕТСТАВНИЦИ НА СОЈУЗОТ НА БОРЦИ И НА ЗБРАТИМЕНИТЕ ГРАДОВИ
Следно соопштениеСо неказнивост за канцер мафијата, власта потврдува дека е целосно корумпирана