ГРАДИНКАТА „МАЈСКИ ЦВЕТ“ ВО ЗАВРШНА ФАЗА НА ТЕМЕЛНА РЕКОНСТРУКЦИЈА

82
ГРАДИНКАТА „МАЈСКИ ЦВЕТ“ ВО ЗАВРШНА ФАЗА НА ТЕМЕЛНА РЕКОНСТРУКЦИЈА

Денеска (11.02.2026 година), градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски и заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, извршија увид во тековните градежни активности на детската градинка „Мајски цвет“ во Тафталиџе 1.

Станува збор за темелна реконструкција со која значително се унапредуваат функционалноста, безбедноста и енергетската ефикасност на објектот. Проектот претставува капитална инвестиција на Владата на Република Северна Македонија, реализирана преку Министерството за социјална политика, демографија и млади, во соработка со Општина Карпош.

Поради појава на дополнителни и непланирани градежни зафати, рокот за завршување е продолжен од оправдани причини, при што Општина Карпош обезбеди и дополнителни средства за комплетирање на реконструкцијата. Во координација со Министерството, поднесена е и апликација за набавка на потребна опрема, со цел градинката што поскоро да биде ставена во функција.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеНервозата од фијаското на протестите на ССМ и обелоденувањето на партиската позадина на Трендафилов, тој сака да ја претстави во форма на жртва
Следно соопштениеКаде е др Жан?