Градоначалникот Јанков оствари средба со градоначалниците од соседните општини

52
Градоначалникот Јанков оствари средба со градоначалниците од соседните општини

Градоначалникот Јанков оствари средба со градоначалниците од соседните општини

Меѓуопштинската соработка има важна улога во развојот на регионот чиј прогрес носи бенефит за граѓаните и локалната заедница.

Препознавајќи ја оваа врска и потврдувајќи дека граѓаните и нивните потреби секогаш ќе бидат негов приоритет, градоначалникот Петар Јанков денеска оствари средба со реизбраните градоначалници на соседните општини Василево, Босилово и Ново Село.

Со Славе Андонов, Ристо Манчев и Ѓорѓе Божинов разговараа за желбата и потребата од заедничка визија за развој, работа и просперитет на Струмичкиот регион.

Тие ги повикаа граѓаните на соработка и поддршка во реализацијата на идеи и проекти, затоа што само со заедничка работа се добиваат најдобри резултати.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеВМРО-ДПМНЕ е прва партија по криминал и неисполнети ветувања – затоа изгубија 140.000 гласови
Следно соопштениеНов директор на градинката „Виножито“ е Васко Наќев