Во Падерборн, Германија, во организација на универзитетот од овој град, во тек е првата официјална средба на членовите на Алијансата на европскиот универзитет Колорс, каде од почетокот на оваа година, членува и битолскиот универзитет „Свети Климент Охридски“, заедно со уште осум други универзитети од Германија, Франција, Шведска, Шпанија, Италија, Полска, Литванија и Хрватска. (https://uklo.edu.mk/moodle/course/view.php?id=80). Првата средба, го означува новото поглавје во развојот на УКЛО, на Битола, на регионот и пошироко, а општината преку активна соработка со универзитетот, дава свој придонес во зајакнување на надворешните врски и градење на неопходното поврзување на академската заедница со сите важни општествени чинители. Покрај Акдемскиот координатор и претставник во конзорциумот во Алијансата, проф. д-р Рената Петревска – Нечкоска , УКЛО на овој важен настан учествува со ректорот, проф. д-р Игор Неделковски и проректорите: проф. д-р Јове Димитрија Талевски кој воедно е проектен координатор, проф. д-р Јасмина Буневска – Талевска, проф. д-р Горан Илиќ, претседателот на Сенатот д-р Николче Јанкуловски и студентскиот лидер на УКЛО, Борис Гушевски. Во делегација од академскиот кадар на УКЛО учествува и професорката Мимоза Богдановска Јовановска од ФИКТ. Меѓу почесните гости и важни чинители во поврзувањето на деветте европски универзитети со надворешното опкружување се и неколку градоначалници како претставници од градовите во кои се лоцирани универзитетите, како и градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој во текот на вчерашниот ден имаше средба со градоначалникот на Падерборн, Мајкл Драјер, со кој разговараа за потенцијалните можности за соработка меѓу градовите, а заеднички присуствуваа и на универзитетскиот форум и организираниот саем, каде беа претставени најважните […]
Извор на соопштението