ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ НА ПАНЕЛ ДИСКУСИЈАТА НА СВЕТСКА БАНКА: ПРАВЕДНАТА ТРАНЗИЦИЈА НА РЕГИОНИТЕ СО ЈАГЛЕН МОРА ДА СЕ ОДВИВА СО АКТИВНА ВКЛУЧЕНОСТ НА ГРАЃАНИТЕ

118

Добра информираност, стратешка подготвеност и активна вклученост на сите засегнати страни, почнувајќи оддолу нагоре, односно од граѓаните и локалната самоуправа, е неопходна за успешно спроведување на процесот на Праведна транзиција, потенцираше Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, на денешната панел дискусија на тема: „Ангажманот на управувачките структури и засегнатите страни за праведна транзиција“, која во организација на Светска банка, се одржува во Брисел. Дискусијата е дел од годишниот состанок насловен „Иницијатива за регионитe со јаглен во транзиција во Западен Балкан и Украина“, при што на денешниот панел, беа потецирани активностите кои треба да се преземат за најдобро спроведување на процесот на енергетска транзиција. Коњановски потенцираше дека, недоволната транспарентност на државните институции, при изготвувањето на Националниот акционен план за енергија и клима, ја изоставила вклученоста на граѓаните кои всушност се најзасегнати во овој процес, а информациите и понатаму недоволно се пренесуваат од централно кон локално ниво. Локалната самоуправа, веќе презема конкретни мерки и активности за подобрување на енергетската ефикасност и заштитата на животната средина, но многу е важно да постои координација, особено во случаите кога се доведени во прашање и работните места на граѓаните: „Општина Битола според своите законски обврски, има повеќе активности кои што ги презема, во насока на вклученост во процесот на праведна транзиција. Една од најважните е да се овозможи енергетска ефикасност на објектите кои што се под локална самоуправа. Во последните години на изразена енергетска криза, се работи на јавните објекти, особено на училиштата и градинките, каде што се чувствува најголема потреба од енергетска ефикасност, јавните претпријатија, […]

Извор на соопштението

Претходно соопштениеКадетите со победа го завршија настапот на Carpaty Trophy во Романија – Ракометна Федерација на Македонија
Следно соопштениеПОЧЕТНА ФАЗА ОД РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦАТА „КАЛОШ ДАНИ“