Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, до Основното јавно обвинителство поднесе иницијатива за отворање на постапка и спроведување на истрага во врска со пријавите за каснување од кучиња скитници кои се доставуваат до општината. Со иницијативата, градоначалникот бара обвинителството да спроведе соодветна постапка врз основа на која ќе се направи целокупна и опсежна анализа, но и истрага при што ќе бидат отстранети сите сомнежи кои постојат или ќе се утврди кривична одговорност против сите оние кои извршиле злоупотреба и го оштетиле буџетот на Општина Битола, а се стекнале со материјална корист за себеси на сметка на истиот. Иницијативата произлегува по укажувањата од страна на надлежните служби, но и правните застапници на Општина Битола, дека постои основан сомнеж за сторени злоупотреби од страна на сите вклучени субјекти во постапката во предметите за надомест на материјална и нематеријална штета предизвикана како резултат од напад на куче – скитник кои во изминатиот период се со зголемен број, а врз основа на што Општина Битола трпи сериозна материјална штета. „Имајќи предвид дека сум известен дека постои голема база на предмети со ваков основ за надомест на материјална и нематеријална штета предизвикана од куче скитник во кои има сериозни индиции дека настанале неправилности и се извршиле злоупотреби, а притоа истите имаат правна разрешница, но голем дел се и сеуште незавршени, стоиме на располагање на Ваше барање да ги доставиме сите потребни списи од овие предмети, но и останата потребна документација на увид со цел успешно и непречено завршување на постапката и истрагата“, стои во иницијативата […]
Извор на соопштението